РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 15-а став 6 од Законот за лична карта, Одделението за прекршоци Скопје- 4, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи, врши:
Ј А В Н А О Б Ј А В А
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци Скопје 4- Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на долунаведените физички и правни лица, дека има пратено ПОКАНИ кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа:
1. Сами Пајазити с.Танушевци бб Скопје, УП бр. 19.1.4-570/24
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -4, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР на РМ-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски„ бр.1 нас.Лисиче (до Трговскиот центар) –Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените известувања, секој работен ден од 08,30-16,30 часот, на кое согласно чл.68 од Законот за прекршоци, доколку горенаведените лица во рок од 3 дена на известувањето не се јават, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување на прекршокот.
Предупредување:
Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 15-а став 6 од Законот за лична карта.
Одделение за прекршоци Скопје 4
Комисија за одлучување по прекршок