РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на 56 став 5 од Законот за прекршоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19) Одделение за прекршоци Тетово 1, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Р.С.М, Одделение за прекршоци – Тетово 1, Комисијата за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените правни и физички лица, дека направи два последователни обида за достава на ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на :
1.Венхар Бериша од Тетово, ул„Ј.Златановски“ бр.59, Општина Тетово, П.П.бр.19.2.10-2167/26 од 24.09.2026 година,
2.Албен Шабан од Тетово, ул„Корушка“ бр.33, Општина Тетово, П.П.бр.19.2.10-2301/26 од 21.10.2026 год,
3.Баки Зежири од Скопје, ул„Рашатански Пат“ бр.161, Општина Гази Баба, П.П.бр.19.2.10-2313/26 од 21.10.2026 год,
4.Ергил Халити од Тетово, ул„Б.Тоска“ бр.41/3, Општина Тетово, П.П.бр.19.2.10-2322/26 од 21.10.2026 год,
5.Мифтар Саити од Гостивар, ул„Гаве Лазарески“ бр.38, општина Гостивар, П.П.бр.19.2.10-2327/26 од 21.10.2026 год,
6.Абдиљ Имери од с.М. Речица, ул„Љуботенска“ бр.бб, општина Теттово, П.П.бр.19.2.10-2330/26 од 21.10.2026 год,
7. Идриз Садики од Тетово, ул“176“ бр.6, Општина Тетово, П.П.бр.19.2.10-2336/26 од 21.10.2026 год,
8. Ардит Алија од Тетово, ул„М. Тито“ бр.150, Општина Тетово, П.П.бр.19.2.10-2347/26 од 21.10.2026 година.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица во рок од (8) осум дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава на веб страната, да се јават во просториите на МВР - Одделението за прекршоци Тетово 1, Комисија за одлучување по прекршоци Тетово 1, во својство на странка и за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, на кое во рок од (3) три дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во Барања за поведување прекршочна постапка.
Предупредување :
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе се смета за уредно доставување на писменото што е во согласност со член 56 став 5 од Законот за Прекршоци. Доколку горенаведените лица во рок од (3) три дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците.
Одделение за прекршоци Тетово 1
Комисија за одлучување по прекршоци