РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на чл.56 ст.5 од Законот за прекршоците („Службен Весник на РСМ“ бр.96/19), Одделението за прекршоци БИТОЛА – Комисија за одлучување по прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши :
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Битола – Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведеното лице, дека од страна на овластен подносител поднесено му е барање за поведување на прекршочна постапка за утврден прекршок, кое не е во состојба да се достави со лична достава и тоа на :
1. Томислав Баљаров, род.на 12.09.1978 год. во Битола, каде и живее на ул.”Пеце Матичевски” бр.38А, по предметот П.П.бр.19.2.1-914/22 од 07.03.2022 г.;
Се повикува горенаведеното лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на МВР - Одделението за прекршоци Битола, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР - СВР Битола, на ул. „Булевар 1-ви Мај“ бр.65 - БИТОЛА, во својство на странка за прием на горе наведеното барање за поведување на прекршочна постапка со ИЗВЕСТУВАЊЕ, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот, за кои во рок од 3 (три) дена ќе може да се произнесе во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка, согласно чл. 60 ст.3 од Законот за прекршоците (“Сл. Весник на РСМ” бр.69/19).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Доколку странките не се јават во погоре наведениот рок кај наведениот прекршочен орган заради прием на писмената, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за нивно уредно доставување до странките, а согласно со погоре наведената одредба од чл. 56 ст.5 од Законот за прекршоците.
Доколку горе наведените лица во рок од 3 (три) дена по приемот на писмената, не се произнесат по поднесеното барање, против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, согласно чл.60 ст.1 од Законот за прекршоците.
Одделение за прекршоци – Битола
Комисија за одлучување по прекршоци