Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ТЕТОВО 1

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

РЕПУБЛИКА  СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

Врз основа на 56 став 5 од Законот за прекршоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19) Одделение за прекршоци Тетово 1, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија:

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

 

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Р.С.М, Одделение за прекршоци – Тетово 1, Комисијата за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените правни и физички лица, дека направи два последователни обида за достава на ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на :

1. Бедри Мусли од с.Копаница, ул„10“ бр.20, Општина Скопје-Сарај, П.П.бр.19.2.10-152/25 од 05.03.2025 година,

2.Харбин Пајазити од Сарај, ул„9“ бр.1, Општина Скопје-Сарај, П.П.бр.19.2.10-689/25 од 16.07.2025 год,

3.Ајше Пајазити од с.Буковиќ, ул„1“ бр.57, Општина Сарај, П.П.бр.19.2.10-1219/25 од 28.10.2025 год,

4.Диниел Јелиќ од Велес, ул„Јордан Џурнов“ бр.59, Општина Велес, П.П.бр.19.2.10-1626/26 од 18.06.2026 год,

5.Бесјан Садики од с.Требош, општина Желино, П.П.бр.19.2.10-1963/26 од 10.08.2026 год,

6.Бујамин Зулбијари од с.Копаница, ул„2“ бр.8, општина Сарај, П.П.бр.19.2.10-1964/26 од 10.08.2026 год,

7. Серкан Узеири од с.Д. Бањица, Општина Гостивар, П.П.бр.19.2.10-1972/26 од 10.08.2026 год,

8. Валбон Мурати од Тетово, ул„К.Р.Дрнц“ бр.78, Општина Тетово, П.П.бр.19.2.10-1981/26 од 10.08.2026 год,

9. Кадри Зенељи од Тетово, ул„Љенин“ бр.113, Општина Тетово, П.П.бр.19.2.10-1938/26 од 10.08.2026 год,

10. Кадри Џеладини од с.Добарце, Општина Желино, П.П.бр.19.2.10-1994/26 од 10.08.2026 год,

 

Се повикуваат горенаведените физички и правни лица во рок од (8) осум дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава на веб страната, да се јават во просториите на МВР - Одделението за прекршоци Тетово 1, Комисија за одлучување по прекршоци Тетово 1, во својство на странка и за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од  08:00 до 16:00 часот, на кое во рок од (3) три дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во Барања за поведување прекршочна постапка.

                                                                                Предупредување:

 

Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе се смета за уредно доставување на писменото што е во согласност со член 56 став 5 од Законот за Прекршоци. Доколку горенаведените лица во рок од (3) три дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците.

 

                                                                                                                                                                          Одделение за прекршоци Тетово  1

                                                                                                                                                                       Комисија за одлучување по прекршоци

Мени за пристапност