РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 од Законот за прекршоци (Службен весник на РСМ бр.96/2019) и член 88 став 5 од Законот за возила (Службен весник на РМ бр. 140/08) Одделение за прекршоци Куманово Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Куманово - Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на долунаведените физички лица, дека има донесено РЕШЕНИЈА кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа за:
- Метин Јашари од с.Ропаљце, о.Липково, по решение бр.19.2.5-8792/22 од 16.01.2024 год., по чл.26 ст.1 од ЗВ
- Борис Крстевски од Куманово, ул.Перо Наков, ул.26 , по решение бр.19.2.5-8794/22 од 07.02.2024 год., по чл.26 ст.1 од ЗВ
Се повикуваат горенаведените субјекти во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение на ВЕБ портал на МВР да се јават во просториите на Одделение за прекршоци Куманово- Комисија за одлучување по прекршок на ул.ЈНА бб во својство на странки за прием на горенаведеното решение, секој работен ден од 08.00-16.00 часот на кое согласно чл.70 од Законот за прекршоци, доколку не се задоволни од донесеното решение можат да поднесат тужба пред Управниот суд на Република Северна Македонија,
Предупредување :
Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 88 став 5 од Законот за возила (Службен весник на РМ бр. 140/08).
Одделение за прекршоци Куманово
Комисија за одлучивање по прекршок