РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 од Законот за прекршоци (Службен весник на РСМ бр.96/2019) и член 88 став 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за возила (Службен весник на РМ бр.154/15) Одделение за прекршоци Куманово, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Куманово-Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на долунаведените физички лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка кои во два последователни обиди не се во состојба да ги достават со лична достава и тоа:
- Исмет Куртиши од Куманово, ул.Никола Тесла бр.41, по предмет бр.19.2.5-4708/24 од 06.11.2024 год., по чл.26 ст.1 од ЗВ
- Ардит Алими од Куманово, ул.Перо Стојановски бр.4, по предмет бр.19.2.5-5004/24 од 03.12.2024 год., по чл.26 ст.1 од ЗВ
- Саша Дичковски од Куманово, с.Лопате, по предмет бр.19.2.5-5199/24 од 10.12.2024 год., по чл.46 ст.1 од ЗВ
- Мартин Пецевски од Куманово, ул.Среќко Пужаљка бр.45, по предмет бр.19.2.5-5200/24 од 10.12.2024 год., по чл.26 ст.1 од ЗВ
- Мухамед Лазаров од Куманово, ул.Страшко Арсовски бр.4, по предмет бр.19.2.5-54/25 од 13.01.2025 год., по чл.26 ст.1 од ЗВ
- Мухамед Лазаров од Куманово, ул.Страшко Арсовски бр.4, по предмет бр.19.2.5-55/25 од 13.01.2025 год., по чл.26 ст.2 од ЗВ
Се повикуваат горенаведените физички лица во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение на ВЕБ портал на МВР да се јават во просториите на Одделение за прекршоци Куманово-Комисија за одлучување по прекршок на ул.ЈНА бб во својство на странки, за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00-16.00 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна костапка.
Предупредување :
Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со чл.88 став 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за возила (Службен весник на РМ 154/15), и доколку горенаведените лица во рок од 3 дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Одделение за прекршоци Куманово
Комисија за одлучување по прекршок