РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 ст.5 и чл.57 ст.4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“бр.96/19), Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територијата на РСМ, Одделението за прекршоци-Кочани, врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА
Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци, Одделение за прекршоци Кочани, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за прекршоци против Јавен ред и мир кои не се во состојба да се достават и тоа:
И 1.Ангелко Ангелков од Кочани, ул.„Роза Петрова“ бр.13Б/1-2, ПП бр. 19.2.14-2008/24 од 12.12.2024 год.
2.Дарко Захариев од с.Звегор, Делчево, ПП бр. 19.2.14-2009/24 од 12.12.2024 год.
3.Митко Димитров од Кочани, ул.„14та Бригада“ бр.18, ПП бр. 19.2.14-2023/24 од 12.12.2024 год.
4.Владимир Захаријев од Кочани, ул.„Кирил и Методиј“ бр.22, ПП бр. 19.2.14-5/25 од 13.01.2025 год.
5.Тодор Стојанов од Кочани, ул.„3-та Македонска Бригада“ бр.бб, ПП бр. 19.2.14-152/25 од 15.01.2025 год.
6.Сашо Ангелов од Кочани, ул.„Солунска“ бр.8, ПП бр. 19.2.14-251/25 од 24.02.2025 год.
7.Тодор Стојанов од Кочани, ул.„3-та Македонска Бригада“ бр.бб, ПП бр. 19.2.14-256/25 од 24.02.2025 год.
8.Бобан Јанковски од с.Габрово, Делчево, ПП бр. 19.2.14-257/25 од 24.02.2025 год.
9.Новко Ристов од Кочани, ул.„Теодосија Паунов“ бр.45, ПП бр. 19.2.14-306/25 од 24.02.2025 год.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на веб страницата на Министерството за внатрешни работи, да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Кочани, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на Полициската станица Кочани, на ул.„Тодосија Паунов“ бр.12, Кочани, во својство на странки за прием на горенаведените Барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00-16.00 часот.
Предупредување: Оваj начин на доставување ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со одредбите на Законот за прекршоците, поточно чл.56 ст.5 и чл.57 ст.4 од истиот закон („Службен весник на РСМ“бр.96/19) и по истекот на осум дена од денот на објавата се смета дека доставата е извршена.
Прекршочниот орган без одлагање ги прибавува доказите и ја утврдува фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Согласно член 60 ст.3 од Законот за прекршоците, прекршочниот орган ке го извести сторителот за прекршокот што му се става на товар и го поучува дека во рок од три дена од денот на приемот на известувањето има право да се изјасни за фактите и доказите.
Одделение за прекршоци Кочани
Комисија за одлучување по прекршоци