РЕПУБЛИКАСЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 ст.5 и чл.57 ст.4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“бр.96/19), Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територијата на РСМ, Одделението за прекршоци-Кочани, врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА
Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци, Одделение за прекршоци Кочани, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за возила кои не се во состојба да се достават и тоа:
И.1. Тасим Исинов од Струмица, ул.„Климент Охридски„бр.376, ПП бр. 19.2.14-1998/24 од 11.12.2024год.
2. Оливер Лазаров од Кочани, ул.„14-та Бригада“ бр.48, ПП бр. 19.2.14-71/25 од 13.01.2025 год.
3. Валентина Николова од Велес, ул.„Славко Ѓоргиев Сватот“ бр.9/1-15, ПП бр. 19.2.14-175/25 од 15.01.2025 год.
4 .Виктор Симоновски од М.Каменица, ул.“Карадачка“ бр.9, ПП бр. 19.2.14-180/25 од 15.01.2025 год.
5. Благојче Коцев од Кочани, ул.„Димитрија Лазаров„бр.48, ПП бр. 19.2.14-307/25 од 24.02.2025 год.
6. Јовче Пелтечки од с.Двориште, ул.„3„бр.88, Берово, ПП бр. 19.2.14-327/25 од 24.02.2025 год.
7. Рашит Јусуфов од Кочани, ул.„Грозедан Трифунов„бр.26, ПП бр. 19.2.14-330/25 од 24.02.2025 год.
8. Дени Ѓеоргиев од Кочани, ул.„14-та Бригада„бр.87, ПП бр. 19.2.14-332/25 од 24.02.2025 год.
9. Горанчо Ангелов од Кочани, ул.„Крум Вранински„бр.59, ПП бр. 19.2.14-381/25 од 24.02.2025 год.
10. Александра Данилова од Кочани, ул.„Никола Вапцаров„бр.8, ПП бр. 19.2.14-315/25 од 24.02.2025 год.
11. ДПТТУ Аутокинг ДООЕЛ Виница, ул.„Браќа Миладинови„бр.бб, ПП бр. 19.2.14-3/25 од 13.01.2025 год.
12. Славчо Захариев од Виница, ул.„Ангел Винички„бр.39, ПП бр. 19.2.14-3/25 од 13.01.2025 год.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на веб страницата на Министерството за внатрешни работи, да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Кочани, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на Полициската станица Кочани, на ул.„Тодосија Паунов“ бр.12, Кочани, во својство на странки за прием на горенаведените Барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08,00-16.00 часот.
Предупредување: Оваj начин на доставување ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со одредбите на Законот за прекршоците, поточно чл.56 ст.5 и чл.57 ст.4 од истиот закон („Службен весник на РСМ“бр.96/19) и по истекот на осум дена од денот на објавата се смета дека доставата е извршена.
Прекршочниот орган без одлагање ги прибавува доказите и ја утврдува фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Согласно член 60 ст.3 од Законот за прекршоците, прекршочниот орган ке го извести сторителот за прекршокот што му се става на товар и го поучува дека во рок од три дена од денот на приемот на известувањето има право да се изјасни за фактите и доказите.
Одделение за прекршоци Кочани
Комисија за одлучување по прекршоци