РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 ст.5 и чл.57 ст.4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“бр.96/19), Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територијата на РСМ, Одделението за прекршоци-Кавадарци, врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА
Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци, Одделение за прекршоци Кавадарци, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка по кои не се во состојба да се достават и тоа:
1. Блажо Стојков , живее во Кавадарци, ул: 41-ва Дивизија бр.34, по предметот ПП-19.2.4-367/25 од 04.02.2025г.
2. Јашаров Мамут , живее во Штип, ул: Панко Брашнаров бр.32, по предметот ПП-19.2.4-172/25од 10.12.2024г.
3. Веселоски Алуш , живее во Прилеп, ул: Беровска бр.71 , по предметот ПП-19.2.4-171/25од 10.12.2024г.
4. Сулејмани Африм , живее во с. Драчевица, Студеничани, Скопје, ул: 1 бр.65, по предметот ПП-19.2.4-251/25од 28.12.2024г.
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Кавадарци, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР –ОВР Кавадарци, на ул. „7 Септември“ 49, во Кавадарци, во својство на странки за прием на горенаведените Барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Предупредување:
Оваj начин на доставување ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со одредбите на Законот за прекршоците, поточно чл.56 ст.5 и чл.57 ст.4 од истиот закон („Службен весник на РСМ“бр.96/19) и по истекот на осум дена од денот на објавата се смета дека доставата е извршена.
Прекршочниот орган без одлагање ги прибавува доказите и ја утврдува фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Согласно член 60 ст.3 од Законот за прекршоците, прекршочниот орган ке го извести сторителот за прекршокот што му се става на товар и го поучува дека во рок од три дена од денот на приемот на известувањето има право да се изјасни за фактите и доказите.
Одделение за прекршоци Кавадарци
Комисија за одлучување по прекршоци