РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член на 56 од Закон за прекршоци а врска со член 88 став 5 од Законот за возила (Службен весник на РМ бр.154/15) Одделение за прекршоци Куманово Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршoции Куманово-Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на долунаведеното Правно лице, дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка кои не се во состојба да ги достават со лична достава и тоа:
- ДПТУ АМКОЛ ДООЕЛ од Куманово ул.Индустриска бр.5/12, предмет п-бр.19.2.5-42/24 од 27.11.2024 за прекршок казнив по член 26 ст.13 од ЗВ
Се повикува горенаведеното Правно лице во рок од 8(осум)дена од денот на објавувањето на ова соопштение на веб портал на МВР да се јават во просториите на Одделение за прекршоци Куманово-Комисија за одлучување по прекршок на ул.ЈНА бб во својство на странки за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00-16.00 часот на кое во рок од 3(три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
Предупредување :
Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со чл.88 став 5 од Законот за возила (Службен весник на РМ 154/15),доколку горенаведените лица во рок од 3 дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Одделение за прекршоци Куманово
Комисија за одлучивање по прекршок