Врз основа на член 56 став 5 од Законот за Прекршоци-(Службен весник на Република Северна Македонија-бр.96/19)- Одделението за прекршоци Гостивар, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија :
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Р.С.М., Одделение за прекршоци – Гсотивар, Комисијата за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените правни и физички лица, дека направи два последователни обиди за достава на ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на :
1. Јасир Кебири од с.Чегране, каде и живее , О.Гостивар, ПП.бр.19.2.12-415/25 од 27.02.2025 година,
2. Хашим Ќерими со адреса во с.Ломница,О.Врапчиште,ПП.бр.19.2.12-503/25 од 19.03.2025 година,
3. Ерсој Менга со адреса ул.Панче Попоски бр.2/2/16,О.Гостивар,ПП.бр.19.2.12-504/25 од 19.03.2025 година,
4.Љеутрим Аме со адреса во Дебар ул.Јусуф Грваља бр.25,О.Дебар,П.П.бр.19.2.12-506/25 од 19.03.2025 година,
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица во рок од 3 ( три ) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава на веб страната, да се јават во просториите на МВР - Одделението за прекршоци Гостивар, Комисија за одлучување по прекршоци Гостивар, во својство на странка и за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка , секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, на кое во рок од 3 ( три ) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во Барања за поведување прекршочна постапка
Предупредување :
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе се смета за уредно доставување на писменото што е во согласност со член 56 став 6 од Законот за Прекршоци . Доколку горенаведените лица во рок од 3 три дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците.
Одделение за прекршоци Гостивар