РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 став 5 од ЗП („Службен весник на РСМ“ бр.96/19 од 17.05.2019 година), Одделението за прекршоци-Гевгелија, Комисија за одлучување по прекршок при МВР, врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
МВР, Одделение за прекршоци Гевгелија – Комисија за одлучување по прекршок, му соопштува на наведеното физичко лице дека од страна на овластен подносител е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка кое не е во состојба да го достави со лична достава и тоа:
1. Влатко Ристов од Струмица с.Баница бр.14 за ПП.1.бр.19.2.9-2159/25 од 09.09.2025 година.
Се повикува горе наведеното физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јави во просториите на Одделението за прекршоци Гевгелија-Комисија за одлучување по прекршок, на ул:„Железничка“ бр.бб во Гевгелија, во својство на странка за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08,00-16,00 часот, на кое во рок од 3 ( три ) дена ќе може писмено да се произнесе во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување.
БМ
Одделение за прекршоци Гевгелија