РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 став 5 од Законот за прекршоците (Службен весник на РСМ бр.96/19 од 17.05.2019 година), Одделението за прекршоци Гевгелија – Комисија за одлучување по прекршок при Министерството за внатрешни работи, врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделението за прекршоци Гевгелија – Комисија за одлучување по прекршок при Министерството за внатрешни работи, му соопштува на наведеното физичко лице дека од страна на овластен подносител му е поднесено барање за поведување прекршочна постапка, а дека за истото му е пратено Известување кое не е во состојба да го достави со лична достава и тоа:
1. Алекса Јованов од с.Баница, со адреса на живеење во с.Баница бр.67, општина Струмица, за предметот ПП.бр.19.2.9-1063/24 од 23.12.2024 година.
Се повикува горе наведеното физичко лице, во рок од 8(осум) дена од денот на објавување на оваа јавна објава да се јави во просториите на Одделението за прекршоци Гевгелија – Комисија за одлучување по прекршок, на ул.„Железичка“ бб во Гевгелија, во својство на странка за прием на горенаведеното известување, секој работен ден од 08.00-16.00 часот, на кое во рок од 3(три) дена ќе може писмено да се произнесе во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочната постапка.
Предупредување: Доколку горе наведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување.
ЈГП
Одделението за прекршоци Гевгелија
Комисија за одлучување по прекршок