РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 88 став 5 од Законот за возила, („Службен весник на Република Македонија‘‘ бр. 140/2008, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 , 154/15 и 39/16 и „Службен весник на РСМ‘‘ бр. 161/19 и бр. 148/25) Одделението за прекршоци Скопје 1, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи, врши јавна објава:
Ј А В Н А О Б Ј А В А З А Д О С Т А В У В А Њ Е
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 1, Комисија за одлучување по прекршоци Скопје 1, им соопштува на наведените правни лица дека има донесено Решенија, кои по извршени два последователни обида, не е во состојба да ги достави со лична достава, и тоа:
1. Правно лице ДУ ИН ТАКСИ ДОО Скопје, со седиште во Скопје на ул. Кеј 13 Ноември бр. 28, општина Центар, по предмет 19.1.1- 32/24;
2. Правно лице ДУ ИН ТАКСИ ДОО Скопје, со седиште во Скопје на ул. Кеј 13 Ноември бр. 28, општина Центар, по предмет 19.1.1- 55/24;
3. Правно лице ДАНАИФАРМ ДОО експорт-импорт Скопје, со седиште во Скопје на бул. Партизански одреди бр. 156А, општина Ѓорче Петров, по предмет 19.1.1- 12/25;
4. Правно лице ДПТУ ИНТЕР АЛ ПИН ДООЕЛ експорт-импорт, со седиште во Скопје во с. Бразда на ул. 20 бр. 138, општина Чучер Сандево, по предмет 19.1.1- 65/24
5. Правно лице ДУ ИН ТАКСИ ДОО Скопје, со седиште во Скопје на ул. Кеј 13 Ноември бр. 28, општина Центар, по предмет 19.1.1- 11/25;
6. Правно лице ДТУ ЗОРЛУ ГРОУП АУТО ДООЕЛ со седиште во Скопје на ул. Ѓорче Петров бр. 141, општина Ѓорче Петров, по предмет 19.1.1- 60/25
Се повикуваат горенаведените правни лица во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје 1, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци на ул. Димитар Туриманџовски бр.1 нас. Лисиче, во својство на странки за прием на горенаведеното Решение, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, за кое согласно член 70 став 1 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ бр.96/19), доколку не се задоволни од донесеното решение може да поднесат тужба за поведување на управен спор до Управниот суд во рок од 30 (триесет) дена од приемот на истото.
По објавата на веб страната на Министерството за внатрешни работи и со истекот на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека странките се уредно известени за писменото.
Предупредување:
Доколку горенаведените правни лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 88 став 5 од Законот за возила.
Одделение за прекршоци Скопје 1
Комисија за одлучување по прекршок