Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Засилени контроли за спречување незаконит риболов во Охридското езеро, запленети околу 400 метри мрежи и 22 килограми риба

Засилени контроли за спречување незаконит риболов во Охридското езеро, запленети околу 400 метри мрежи и 22 килограми риба
 
На 30.07.2025 во периодот од 02.00 до 04.00 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, извршија засилени контроли во водите на Охридското езеро со цел спречување на незаконит риболов. Притоа, на подрачје на Струга и струшкото село Калишта, пронајдоа две „висечки мрежи“ со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 22 килограми. Мрежите и уловот се подигнати од водите на езерото и донесени во полициската станица за понатамошна постапка.

Мени за пристапност