Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција во пресрет на почетокот на учебната година како и секоја година така и оваа отпочнува со реализација на проектот “Безбедно од домот до училиштето“ а оваа година за прв пат во партнерство со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Струмица отпочнува со реализација и со проект “Училишни сообраќајни единици“, кои на подрачјето на општина Струмица се формирани и промовирани на денот на полицијата. Активностите ќе се спроведуваат континуирано во текот на месец септември и октомври, во непосредна близина на основните училишта во време кога првачињата доаѓаат и заминуваат од училиште. Од страна на учениците вклучени во УСЕ во присуство на нивните наставници по техничко образование и полициски службеници ќе бидат делени летоци на возачите и ќе биде регулиран сообраќајот.
Или Согласно Правилникот за организација, обука и начин на работа на училишните сообраќајни единици членовите на училишната сообраќајна единица:
- обезбедуваат премин на ученици преку коловоз пред училиштата;
- учествуваат во спроведување на сообраќајно воспитни акции, манифестации и натпревари од областа на сообраќајот;
- даваат информации на учесниците во сообраќајот за објектите во чија близина ги извршуваат своите задачи;
- им укажуваат на учесниците во сообраќајот на грешките што ги прават заради превентивно и воспитно делување.