Визија на Центарот за обука на МВР

“Имаме нешто да кажеме”

 

 

Ова е визијата на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. За нас, оваа визија е слика за нашата иднина. Ние почнавме да ја реализираме и планираме да продолжиме во годините кои што доаѓаат.

Врз основа на промените кои настанаа во законот за внатрешни работи (член 20-в од Законот за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија”  бр. 19/95, 15/97, 55/97, 38/02, 33/03, 19/04, 51/05 и 84/08), Во Министерството за внатречни работи на Република Македонија како организациона единица се формира Центар за обука.

Центарот за обука реализира основна обука за полицаец, специјална обука и обука за раководење во подрачја на безбедноста ( менаџмент во безбедноста) на работниците во Министерството врз основа на наставни планови и програми.

 

Сакаме да станеме центар на квалитет во овој дел на светот и да припаѓаме на петте најдобри Центри за обука во Европа.  Нашата полициска едукација се заснова на програма која ги задоволува критериумите за квалитет на национално и меѓународно ниво. Тоа значи дека ќе ги исполниме националните и меѓународните стандарди за квалитет.

Полициската едукација ќе и служи на оперативната полиција, која што е одговорна за извршувањето на полициската работа во нашата земја. Со реализирање на Твининг проектот (EAR_Европска агенција за реконструкција) Центарот за обука имплементираше нов полициски образовен модел, ориентиран кон суштински активности и заснован на компетенции.

 

Ќе се фокусираме на олеснувањето за постигнување на компетенциите за извршување на суштинските активности во работите и функциите на соодветен начин. Компетентноста е способност за справување со суштинските активности во работата и функциите на соодветен начин. Компетенциите се засноваат на знаење, вештини, искуства, ставови и лично однесување. Суштинската активност е доследна целина на основните задачи и проблеми со кои што редовно се соочува професионалецот, како и карактеристики за една професија на едно определено ниво. Профилот на работа се состои во ограничен број на суштински активности. Полициските службеници кои што не ги владеат суштинските активноти во нивната работа не може да се класифицираат како компетентни. Нашето ориентирање кон компетенциите и суштинските активности наведува дека се фокусираме на способностите на луѓето, сега и во иднина.

 Полициските службеници мора да се компетентни денес, утре, следниот месец и до крајот на нивната професионална кариера. Затоа, останувањето компетентен наведува на доживотно учење. Ние ќе креираме и ќе поддржиме соодветни средини за учење и обука за полициските службеници, така што тие ќе можат да се обучуваат постојано, и да се навраќаат на обука секогаш кога тоа е потребно.

Полициските службеници имаат значајна општествена функција и од нив се очекува да останат компетентни за време на целата нивна професионална кариера. Преземањето на одговорноста е една од основните одлики на полициската професија.  Тоа наведува на основните одговорности во врска со нивната работа и обука. Затоа на полициските службеници мора да им се даде одговорност за нивното сопствено учење. Овој процес започнува од моментот кога ќе влезат за прв пат во Центарот за обука и ќе продолжи  по завршувањето на образованието.

 

Стекнатите компетенции на слушателите се проверуваат преку тестови за мерење на компетенции, преку кои слушателот треба во реална ситуација или симулација, практично да ги покаже компетенциите. За ова Центарот обучува независни оценувачи – полициски службеници од сите Сектори на МВР за одредена суштинска активност кои се професионалци во својата област. Со овој начин на оценување се зголемува објективноста и независноста во оценувањето на слушателите од  основната обука за полицаец. Во иднина ќе го зајакнаме уште повеќе овој процес кој е еден од поважните сегменти од целокупната обука, по пат на постојани обуки на полициските службеници.

 

Обучувачите (наставниците) во Центарот за обука и теренските обучувачи (ментори) во праксата ќе ја олеснат и издигнат обуката на новите полициски службеници. И едните и другите се високо квалификувани експерти во својата област и претставуваат значајни примери.

Пред нашите обучувачи стои предизвикот да поставуваат проблеми и да ја истакнуваат суштината на односниот предмет. Со цел да ја издигнат обуката, тие не треба да се само компетентни полициски службеници, туку и да поседуваат определено педагошко знаење.

 

Oбучувачите од Центарот за обука и теренските обучувачи на работните места

се олеснувачи во процесот на учење на слушателите. Тие им дозволуваат на слушателите  да се стекнат со неопходните компетенции на начин на кој што истите ќе бидат одговорни за своето учење,  поединечно и како дел од тимот. Обуката не се одвива  само во Центарот за обука, туку е истата така интегрирана и во работата - на идното работно место. Центарот за обука им обезбедува на слушателите безбедна средина за учење, каде што обучувачите нудат можност за постигнување на почетните компетенции во учењето на работата. Нашите слушатели ќе се стекнат со продлабочени компетенции и ќе ги добијат првите искуства кои ќе ги припремат за улогата на компетентни професионалци.

Обучувачите од Центарот за обука и теренските обучувачи на работните места ќе ја исполнат својата улога во согласност со целите потребни за обука, опишани погоре.

За теренските обучувачи на работните места е значајно да се компетентни професионалци за суштинските активности преку кои што слушателот се здобива со компетенции. Понатаму, со цел да им се овозможи на слушателите ефективно да учат, обучувачите треба да владеат со соодветни педагошки компетенции. За оваа цел Центарот за обука спроведува обука на теренски обучувачи, кои ќе можат во целост да ја реализираат оперативната обука на слушателите.

Во Центарот за обука се спроведуваат и меѓународни обуки, кои во иднина планираме да ги прошириме на повеќе нивоа. Со овие меѓународни обуки се проширува соработката и размената на информации  меѓу оперативните полициски службенци пред се од регионот, но и пошироко, а со цел спречување  и откривање на разни облици на криминалот.

Центарот за обука развива и дизајнира програми за обука на оперативни полициски службеници на сите нивоа-специјални обуки и менаџмент, каде што учество земаат експерти од соодветната област, за која е наменета обуката. Со ова Центарот за обука се става на располагање на опративната полиција и се вклучува во обуки секогаш кога Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ќе направи проценка дека е потребно развивање на нови компетенции во полициското работење.

Наша цел е да создадеме  компетентни полициски службеници кои работејќи проактивно и професионално, почитувајќи ги Уставот, Законите, човековите права и различностите, ќе ја зголемат довербата и ќе бидат сервис на сите граѓани  во Република Македонија.

Сакаме Центарот за обука да прерасне во еден од петте најелитни центри за обука во Европа. Со нашата јасна визија и  посветеност одиме кон тој пат.

Центарот за обука се наоѓа во процес на развој. Како и многу други институции во нашата држава и ние добиваме дополнителна помош од меѓународната заедница и соработуваме со се повеќе и повеќе партнери. Ова ќе овозможи понудената поддршка да го задоволи организацискиот и полицискиот образовен модел, но истиот и понатаму да се развива.

Успешноста никогаш не е случајна, таа е во наши раце.