Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

             Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди е контролниот механизам на Министерството за внатрешни работи врз работата на полицијата и Министерството, поради што и надлежностите на Одделот опфаќаат широк спектар на мерки и активности, кои се преземаат и се  насочени кон утврдување на непрофесионалното, незаконито и неетичко постапување на вработените во Министерството за внатрешни работи, како и преземање на низа мерки и активности за нивно спречување од превентивен и репресивен аспект. Согласно Законот за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистичи истраги и професионални стандарди е посебна и независна организациска единица на Министерството за внатрешни работи која остварува внатрешна контрола за потребите на Mинистерството и спроведува постапки за оценување на законитоста на постапувањето на вработените  во МВР.
 
            Граѓаните имаат право да поднесат претставка до Министерството односно до Одделот заради заштита и остварување на своите права и кога сметаат дека со постапувањето на работникот во Министерството се повредени нивните слободи и права. За извршената проверка на наводите во претставката Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во рок не подолг од 30 дена од приемот на претставката  во писмена форма треба да го извести подносителот за утврдената состојба и преземените мерки.
 
         Антикорупциската борба во Министерството и полицијата  во континуитет ќе биде насочена кон одржување на веќе постигнатите резултати и подигање на нивото на ефикасност. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди со својата проактивна борба против корупцијата  ќе превзема мерки и активности со кои ќе го стесни просторот на коруптивното однесување на вработените во Министерството и полицијата, како и откривање и соодветно санкционирање на секој конкретен случај на незаконито и непрофесионално постапување на вработените во Министерството. Акцент на работата на Одделот ќе биде даден на доследно почитување на корпусот на човекови слободи и права согласно Уставот на Република Северна Македонија и ратификуваните меѓународни договори од страна на Министерството и полицијата. Имајќи ја во предвид определбата за целосно остварување на превентивната функција, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе врши континуирани контроли во организациски единици на Министерството заради доследно применување на законските прописи, постапување согласно правила и прописите со цел заштиота на чоековите слободи и права и  воспоставу на партнерскиот  однос со граѓаните, како и целосно почитување на човековите слободи и права, а се со  цел функцијата на полицијата да се реализира како сервис на граѓаните.
             Врз основа на прибраните податоци информации и сознанија до кои  ќе дојде Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат превземени плански и организирани мерки и активности со цел документирање и докажување на незаконското, непрофесионално и коруптивно постапување на вработените во Министерството.

ДОКУМЕНТИ И АКТИ

 

  Антикорупциска програма на МВР за 2025 година

АКЦИСКИ  ПЛАН ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА ПРОГРАМА ЗА 2025 ГОДИНА

 

  Антикорупциска програма на МВР за 2025 година (eng)

 

АКЦИСКИ  ПЛАН ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА ПРОГРАМА ЗА 2025 ГОДИНА (eng)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

         

 

 

         

 

 

 

 

         

 

 

 

 

 

 

 

 

 - Антикорупциска програма на МВР за 2024 година и акциски план за имплементација

 

  Антикорупциска програма на МВР за 2023 година


 Антикорупциска програма на МВР за 2023 година (eng)

 

 Антикорупциска програма на МВР за 2022 година

 

Антикорупциска програма на МВР за 2021 година

 Антикорупциска програма на МВР за 2020 година


Антикорупциска програма на МВР за 2019 година

Антикорупциска програма на МВР за 2018 година 

Антикорупциска програма на МВР за 2017 година