МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA

Оливер Спасовски

Датум и место на раѓање: 21.10.1976 година во Куманово

Образование:

Основно и средно училиште завршува во Куманово.

Дипломира на правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во моментов е магистрант по управно право на правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работно искуство:

Во 2000 година работел како адвокатски приправник.

Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Куманово.

Од  2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.

Во периодот 2006-2008, 2011-2014 и 2016-2017 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.

Од 11.11.2015 година до 18.05.2016 година и од 02.09.2016 година до 29.12.2016 година бил Министер за внатрешни работи, а на 31 мај 2017 по трет пат е избран за Министер за внатрешни работи

 

 

 

 Зборува англиски и француски јазик.

 Брачна состојба: Женет