Развојот на технологијата има значајна улога во подобрувањето на ефективноста и ефикасноста на службите за спроведување на законот. Одделот за информатика и телекомуникации во МВР преку постојано следење на модерните технолошки трендови и анализа на потребите на корисниците во министерството, ги идентификува начините на кои современите информациско-телекомуникациски решенија ќе го подобрат извршувањето на задачите во доменот на полициското работење. Одделот за информатика и телекомуникации ги врши работите од областа на информатичката технологија, телекомуникациите, информациската безбедност и криптозаштита.
Во рамките на Одделот за информатика и телекомуникации фунционираат два сектора:
- Сектор за информатичка технологија, а во неговиот состав:
- Одделение за развој на информациски системи
- Одделение за системска и техничка поддршка
- Одделение за поддршка на корисници и експлоатација
- Отсек за персонализација на документи
- Сектор за телекомуникации, со ;
- Одделение за телефонски и преносни мрежи
- Одделение за експлоатација, криптообработка и видео надзор
- Одделение за радио-комуникациски мрежи и напојување
Во состав на одделот се издвоените објекти: Центар за опоравување од катастрофи во Прилеп и објектот на Солунска глава.