ПОМОШНИК НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

г-ѓа Анета Станчевска

Образование:

Дипломирала на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Филозофски факултет во Скопје во 1999 година;
Магистрирала на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Филозофски факултет во Скопје во 2006 година;
Докторирала на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Филозофски факултет во Скопје во 2009 година; 

Работно искуство:

Прво вработување во МВР на РМ во 2000 год. како приправник за полицаец;

До 2002 год. – Полицаец во ПС Петровец, ОВР-Гази Баба, при СВР на град Скопје;
Од 2002 год. до 2004 год.- Инспектор за оперативни работи во ПС Карпош, ОВР Карпош, при СВР на град Скопје;
Од 2004 год. до 2005 год. – Самостоен инспектор за криминалистичка техника во Одделение за криминалистичка техника, при СВР на град Скопје;
Од 2005 год. до 2007 год. – Самостоен инспектор за идентификација во Сектор за идентификација, Оддел за крим.техника при МВР на РМ;
Од 2007 год. до 2008 год.- Началник на Одделение за внатрешна контрола и професионални стандарди - Скопје, Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на РМ;
Од 21.10.2008 е назначена за ПОМОШНИК НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ.

Од 2010 Член во антикорупциски екпертскиот владин тим 

Од 2011 Член на Поткомитетот за превенција од тортура и друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување во Обединети нации.

Завршена обука за Полиција – Полициска академија – Скопје, Универзитет "Св.Климент Охридски" Битола, во 2000 година;
Завршена обука од областа на човекови права "Полицијата и Граѓаните"- Организација за безбедност и соработка во Европа во 2002 година;
Завршена обука од областа на човекови права "Слободите и правата на човекот и граѓанинот и остварување на безбедноста и сигурноста"- Организација за безбедност и соработка во Европа во 2002 година;
Завршена обука за сузбивање на нелегални наркотици и дрога "Нелеганлите наркотици, дрогата и Законски одредби" - Организација за безбедност и соработка во Европа во 2003 година;
Завршена обука за ЕУ, "Вовед во Европската унија", во организација на Секретаријат за европски прашања при Владата на Р.Македонија во 2007 година;
Завршена обука за ЕУ, "Основи на законодавството на ЕВРОПСКАТА УНИЈА", во организација на Секретаријат за европски прашања при Владата на Р. Македонија во 2007 година;
Завршена обука од областа на корупцијата, "Спротивставување на корупцијата", во организација на Француска амбасада, во рамките на Програмата за јакнење на соработката меѓу државите од Југоисточна Европа и Франција во 2007 година;
Завршена обука од областа на човековите права, "Полициски системи, задржување и обезбедување на човекови права", во Организација за безбедност и соработка во Европа во 2007 година;
Завршена обука од областа на јавната администрација, "Јавна администрација", во организација на Секретаријат за европски прашања при Владата на Р. Македонија, во 2007 година;
Завршила анти-корупциска летна школа на 3-та Интернационална Антикорупциска летна школа (ИАЦСС) 2009 во организација на Федералното биро за внатрешни истраги при Министерството за внатрешни работи во Републиика Австрија и Олаф, Европска комисија во 2009 година