08 април 2019

Проект „ Безбедност во училиштата“

Согласно  проектот „ Безбедност во училиштата“  на 05.04.2019 год. во 11,00 часот реализирана е посета на ПСОН „ Карпош“ од страна на Клубот за превенција од ООУ „ Вера Ц.Трена“ како една од превентивните активности кои произлегуваат од наведениот проект.

Основна цел на проектот е подобрувањето на севкупната и лична безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, намалување на сите облици на насилство помеѓу учениците како и градење на доверба меѓу учениците и полицијата и  развивање на меѓусебната соработка и   поинаков пристап во решавањето на проблемите преку соработка и партнерство.

Активностите се реализираа преку формирање на клубови за превенција составени од 20-25 ученици од седмо и осмо одделение кои беа вклучени во  едукативни работилници на четири теми и тоа Правата на децата , Превенција од насилство, превенција од зависности и Превенција во сообраќајот, притоа користејки го  материјалот од брошура под наслов ,,Мојата безбедност зависи и од мене“