30 март 2015

ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕШАЦИТЕ И ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ

Во насока за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај од страна на Одделението за превенција реализиран е план за превземање зајакнати мерки пред основните училишта на подрачјето на Скопје. Активностите беа реализирани на почетокт на учебната 2010/2011 година и истите главно беа насочени кон укажување помош на учениците, родителите и другите граѓани-учесници во сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно-воспитната акција „Поголема безбедност на пешаците и велосипедистите“ во текот на 2010 година реализирани се 227 работилници во 76 училишта на кои присуствувале вкупно 7562 ученици од второ и четврто одделение.