30 март 2015

ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ДРОГА

Трет проект изработен во рамките на Глобалните акциски планови со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ. Основната цел беше сузбивање на асоцијалното однесување кај младите, а промовирање на пожелно и морално прифатливо однесување. Проектот беше реализиран во трите воспитни установи во Скопје во кои воспитениците се информираа за штетните последици од козумирањето дрога и негативното влијание кое го предизвикува дрогата врз развојот на младата личност. Во рамките на проектните активности беше организиран и турнир во фудбал меѓу воспитаниците на кои за активно учество во истиот покрај маици им беа поделени   медаљи и пехари.