30 март 2015

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ДЕЦА

Овој проект е изработен од страна на Одделението за превенција во рамките на Регионалните акциски планови. Со проектот беа опфатени две целни групи, деца од 8 до 16 години и нивните родители. За време на работилниците децата и родителите беа информирани за поимот трговија со деца, начините на препознавање на појавата, видовите на експлоатација и заштита. Проектот се реализираше во три општини- Општина Гази Баба, Општина Чаир и Општина Шуто Оризари. За сите ученици кои присуствуваа на работилниците беше организиран ликовен конкурс и изложба на тема Трговија со деца, а на учениците чии цртежи беа избрани за најдобри им беа поделени награди.