Насилството во училиштата и против училиштата се повеќе е распространето и добива се потешки облици.Насилството е најчеста форма на кршење на човековите права.
Насилството над децата почнува уште во најраната возраст, а потоа се провлекува низ целиот процес на социјализација која се одвива во училиштата и во пошироката општествена средина.Различните облици на насилство во училиштата се повеќе во социолошката литература се третираат како производ на општествената криза.
Во периодот на транзиција се сруши претходниот систем на вредности, додека новиот се уште не се оформи. Во ваков вредносен контекст не само што не се почитуваат правните норми, туку се помалку се почитуваат важечките морални принципи и норми.
Се чуствува недостаток на мотивација кај младите генерации, девијација од позитивното однесување кон својата околина, своите другари, семејство, околина.
Сето тоа доведува до проширување и зацврстување на сите облици на девијантно однесување на децата, учениците, младите и возрасните, многу од нив се претвараат во насилници и се однесуваат агресивно, а голем дел од нив станува и жртва на многубројни облици на насилство.
Исто така младите луѓе многу полесно се идентификуваат и развиваат респект кон негативни „јунаци“ и настојуваат да го следат нивниот пат – на пример насилници, луѓе што лесно и брзо се збогатиле, поседуваат големи материјални вредности (скапи возила, мобилни телефони, модерна и скапа облека, секојдневно трошење на пари итн.)
Согледувајќи ја ваквата состојба, Одделението за превенција го изработи проектот „Безбедност во училиштата “ со целпревенирање на ваквото однесување и насочување на енергијата на учениците во позитивен правец односно забележување на ризиците и избегнувањето на истите, како и запознавање со законската регулатива.
Воедно сметавме дека реализацијата на еден ваков проект ќе доведе до прифаќање на младите луѓе на вистинските позитивни, морални, етички, социјални и хумани вредности, а со тоа ќе придонесат за изградба на стабилно и прогресивно општество.
Исто така сметавме дека реализацијата на еден ваков проект ќе доведе до развивање на однос на доверба и соодветна комуникација меѓу учениците и полицијата по пат на решавање на многубројни дилеми и давање на адекватни одговори на сите поставени прашања од страна на учениците, со слоганот,, Имај доверба во својата полиција и користи ја како твој сервис“.
Основна цел на проектот беше подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците.
Проектот започна со реализација на почетокот на второто полугодие од учебната година 2011/2012 година и беа одржани вкупно 52 едукативни работилници.
Со проектот беа опфатени учениците од прва и втора година во 5 средни училишта лоцирани на подрачјето на град Скопје и тоа:
- ДСУ „Методија Митевски Брицо“;
- СУГС „Арсениј Јовков“;
- СУГС „Боро Петрушевски“;
- СУГС „Здравко Цветковски“
- СУГС „Димитар влахов“.
Во овие средни училишта се формираа клубови за превенција кои се состануваа определен ден во неделата и на тие средби се одржуваа едукативни работилници во времетраење од 2 часа на следните теми:
- Човекови права;
- Детски права;
- Улогата на полицијата во демократско општество;
- Насилство (поим, видови на насилство и последици);
- Семејно насилство;
- Насилство на спортски натпревари;
- Насилство преку општествени (социјални) мрежи;
- Зависност (алкохол, дрога, коцкање и интернет).
На целната група и се пристапуваше со укажување дека тие се важни и рамноправни членови на заедницата, со свои права но и одговорности, како за сегашноста уште повеќе за иднината која останува на нив.
Нивното време треба и може да се исполни со активности кои ќе остават позитивна трага во околината и повратно на нив, а тие да сфатат дека единствено со етички и морално позитивно однесување, со сопствено образование и развој, може да се постигне успех што ќе биде траен и потврден од општеството.
Групите беа разнолични , односно во нив имаше ученици со различно социјално и етничко потекло, пол, но се разликуваа и според поведението и успехот во училиштето, семејството и заедницата.
Реализацијата на овој проект се надеваме дека ќе допринесе целните групи да бидат поедуцирани да не станат жртва или сторители на инкриминирани дејанија (кривични дела и прекршоци ), ќе се зајакне довербата и соработката меѓу учениците и полицијата и ќе допринесе до поинаков пристап во решавањето на проблемите преку соработка и партнерство.
За поуспешна реализација на овој проект од страна на Одделението за превенција беше изработен прирачник со теми кои се обработуваа на едукативните работилници. (во прилог на извештајот Ви го доставуваме (прирачникот) и истиот беше наменет за членовите на клубовите за превенција и стручните служби во средните училишта.
Прирачникот е одобрен од Бирото за развој на образование приМинистерство за образование и наука.
Во рамки на проектот од страна на членовите на клубовите за превенција беа направени и посети на полициски станици во кои истите се запознаа со опремата што полициските службеници ја користат во секојдневното работење и со просториите во полициските станици ( дежурна просторија, простории за задржување на лица и друго).
Исто така членовите од клубовите за превенција беа вклучени вореализацијата на проектот „Безбедни матурски прослави. Имено, за време на одржувањето на Саемот за образование и кариера наСкопскиот саем членовите на клубовите за превенција заедно сополициски службеници за превенција и ученици од приватниот колеџ „Јахја Кемал“ делеа флаери со едукативни пораки наменети за учениците – матуранти. Реализацијата на проектот „Безбедност во училиштата“ ја завршивме на тој начин што во соработка со НВО „Отворени забавни школи“ на 29.05.2012 година на фудбалското игралиште на ФК „Алумина“ организиравме турнири за мал фудбал на кој учество земаа сите членови на клубовите за превенција. Целта на тие активности беше поврзување на учениците од различни училишта и нагласување на аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините.
Проектот „Безбедност во училиштата“ финансиски беше поддржан од
страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.