21 февруари 2025

„Превенција од малолетнички бракови“ и „Заштита од родово и семејно насилство“ - превентивна работилница во Битола

Вчера  (20.02.)  во Битола, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со граѓанското здружение „Сумнал“ од Битола  реализираа превентивна работилница на темите – „Превенција од малолетнички бракови“ и „Заштита од родово и семејно насилство“. 

Работилницата беше одржана со цел да се подигне свеста за штетноста од рано стапување во брак и генерално околу малолетничките бракови, потоа за ризиците коишто доаѓаат од рано влегување во таква институција, како и подигнување на свеста за поголема едукација кај ранливите категории граѓани и помеѓу етничките  заедници.
Целта на активноста, исто така беше насочена и кон подигнување на свеста кај граѓаните кон крајно девијатни појави како што се родовото и семејното насилство, препознавање на формите на родово и семејно насилство, и информирање за надлежностите на полицијата и за мерките што се преземаат за заштита на жртвите од овие видови кривични дела.