Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, денеска (21.02.) на повеќе локации во Велес реализираа превентивна активност под мотото - „Алкохолот е лош сопатник-не пиј кога возиш“.
Целта на активноста беше преку непосредна комуникција со возачите, полициските службеници уште еднаш да апелираат и да им укажат на учесниците во сообраќајот за штетното и опасно дејство на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило, а сето тоа во насока на подигање на свеста кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот пред се преку целосно почитување на сообраќајните правила и прописи. На возачите воедно им беше поделен и едукативно-информативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП.