20 февруари 2025

„Не користи мобилен телефон додека возиш“ - превентивна активност на СВР Велес

Денеска (20.02) од страна на Отсек за превенција при СВР Велес во соработка со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, на неколку локации во Велес беше спроведена едукативна кампања под мото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

На возачите им беше уажано на опасноста и последиците кои ги предизвикува користењето на мобилниот телефон за време на управување со моторно возило, а воедно беше нагласено дека е неопходно и почитување на сообраќајните правила и прописи. Исто така беше поделен и едукативен печатен материјал изработен од РСБСП, со цел зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот и влијание на зголемување на личната безбеднот но и  безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.