Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола и Отсекот за превенција при СВР Битола во текот на денов (20.02.) во детската градинка „Качунка“ во Битола, одржаа превентивна активност со најмалите учесници во сообраќајот заради нивно запознавање со собраќајните правила и прописи. Полициските службеници ги запознаа децата со основните сообраќајни правила, со чие почитување сите придонесуваме за побезбеден сообраќај.
Инаку, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола, во средното училиште „Кузман Јосифовски“ во Прилеп реализираа едукативни работилници на тема – „Превенција од насилство - меѓуврсничко насилство и „Превенција од меѓуврсничко насилство – булинг“. Основна цел на едукативните работилници беше информирање и запознавање на учениците како да се детектираат, односно препознаат ваквите девијантни појави и да се подигне свеста и безбедносната култура во насока на благовремена превенција и заштита.