20 февруари 2025

Превентивна активност на СВР Струмица

Вчера (19.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица одржаа две едукативни предавања наменети за учениците од прво до петто одделение од подрачното основно општинско училиште „Сандо Масев“ во село Добрејци, струмичко, со цел  нивно запознавање и едукација околу основните сообраќајните правила и прописи.

Учениците, преку наменски подготвена презентација, беа запознаени со сообраќајните правила, односно сообраќајните знаци со порака дека со нивното почитување сите придонесуваме за побезбеден сообраќај. Акцент беше даден на нивното безбедно учество во сообраќајот како пешаци, но и како учесници во сообраќај кои управуваат велосипеди или тротинети, а се со цел подигнување на сообраќајната култура и свест.