19 февруари 2025

Едукативна работилница на СВР Куманово

Денеска (19.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово одржаа едукативна работилница во основното општинско училиште „11 Октомври“ во Куманово.

На учениците им беа презентирани основните  карактеристики  на  девијантни и криминогени појави,  како што се говор на омраза, насилство на спортски натпревари, врсничко насилство -булинг, но и начините за нивно рано препознавање и превенција во соработка со полицијата. Исто така, беше спроведено и анонимно анкетирање за присутност на булинг во училиштата.