19 февруари 2025

„Стави појас, вози одговорно“, превентивна активност на ОВР Неготино

Вчера (18.02) од страна на полициски службеници при ОВР Неготино, на подрачјето на општината Неготино, беше реализирана превентивна активност под мотото - „Стави појас,вози одговорно“, а со цел зголемување на безбедноста при патување со возило и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.

Притоа, во разговорите со учесниците во сообраќајот, полициските службеници ги нагласија законските обврски, но и санкции околу задолжителното користење на појас во возилата, а особено беше потенцирана значајната заштитна улога која ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна незгода. Воедно, полициските службеници апелираа за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, а во рамки на превентивната активност на возачите покрај укажувањата, им беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.