Во текот на вчерашниот ден (18.02.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со Општинскиот совет за превенција од детското престапништво при oпштина Тетово, во две општински основни училишта во Тетово, одржаa предавања на тема ,,врсничко насилство“, со посебен осврт на ,,сајбер насилството“.
На предавањата беа опфатени различните форми и аспекти на насилство меѓу врсниците, како и предизвиците од социјалните мрежи коишто имаат сериозни последици по животот и здравјето на децата. Притоа беше нагласено дека од исклучителна важност е превентивното реагирање кон негативните појави, соработка и комуникација од страна на сите чинители за навремено откривање и заштита од разните форми на девијантни однесувања кај младите.
Учениците, исто така, беа информирани за надлежностите на овој совет и се разговараше и за теми кои се од интерес на учениците а истите едукативни предавања планирано е да се спроведат и во другите општински основни училишта во Тетово.