18 февруари 2025

Превентивна активнот на СВР Скопје

 

Денеска (18.02.), Одделението за превенција при СВР Скопје во општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“ на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Карпош, реализираше четири едукативно - превентивни активноси со учениците од ова училиште.
Посветувајќи го фокусот на темата - „Правилата и прописите во сообраќајот за малите пешаци“ полициските службеници пред учениците од второ одделение ги презентираа основните сообраќајни правила и прописи важни за децата односно нивната безбедност во сообраќајот. Покрај ова децата беа запознаени и со улогата и задачите на полициските службеници, а сето тоа во контекст на целите за подобрувањето на севкупната и лична безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, за градење квалитетна сообраќајна култура но и градење доверба меѓу учениците и полицијата во насока на развивање на меѓусебната соработка. На учениците им беа поделени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП.