18 февруари 2025

Превентивна кампања на СВР Велес

 

Вчера и денеска (17.02. и 18.02.2025), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес во пензионерскиот дом во Велес спроведоа превентивна-едукативна активност во рамките на кампањата на Министерството насловена како „МВР за граѓаните“ со посебен акцент за превенција од кривични дела од областа на компјутерски криминал „Компјутерска измама“, „Злоупотреба на лични податоци“ и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Целта на активноста беше да се информираат граѓаните за овие видови на кривични дела и да се едуцираат како да се заштитат од ваков тип на криминал.
Целна група беа повозрасните лица кои се полесна мета на измами и се недоволно упатени во функционирањето на социјални мрежи и начините на плаќање, на кои преку примери им се укажуваше и појаснуваше за формите на овие видови на измами, да не инсталираат апликации со кои им овозможуваат на измамниците за далечински пристап во нивните мобилни телефони и електронско банкарство, презентирани најчестите смс пораки со кои се повикуваат да платат мал износ парични средства, за одреден продукт, добивка на парични средства и добивки на крипто валути, а всушност се предмет на кражба на податоци од нивните платежни картичко и секако им беше укажувано околу начините и постапките кои треба да ги преземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела. Воедно на пензионерите им беше поделен и материјал со едукативна