Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (17.02.) реализираше две едукативни работилници во општинското основно училиште „7-ми Март“ а на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство – булинг“. Притоа беа опфатени четири паралелки на ученици од осмо одделение, односно беа опфатени околу 90 ученици, а истовремено беше одржана и една едукативна работилница на темата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ со ученици од четврто одделение, со која беа опфатени 30 ученици, кампања што се одвива во тесна соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Основна цел на работилниците беше подобрувањето на севкупната и лична безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, потоа намалување на сите облици на насилство помеѓу учениците и детектирање на безбедносни ризици , преку градење на доверба меѓу учениците и полицијата и развивање на меѓусебната соработка.