15 февруари 2025

Превентивна активност на СВР Тетово за побезбеден сообраќај

 Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во текот на вчерашниот ден (14.02.2025) во Центарот за странски јазици во Тетово, одржаа превентивна активност со учениците за запознавање со собраќајните правила и прописи.

Полициските службеници ги запознаа учениците со основните сообраќајни правила, со чие почитување сите придонесуваме за побезбеден сообраќај. СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи со слични активности, со цел подигнување на сообраќајната свест.