Денеска (13.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од ОВР Неготино, во Средното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во Неготино, со учениците од прва до четврта година, реализираа едукативни предавања на темите- „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“ и „Внимателност при користење на социјални мрежи“.
На предавањата, преку наменски подготвени презентации, учениците беа запознаени со формите на насилничко однесување, начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, како и околу последиците од девијантното однесување. Воедно, на децата им беше укажувано на поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, кои може да им наштетат.
Исто така и во Основното општинско учолиште „Страшо Пинџур“ во Неготино, за учениците од деветто одделение, беа рализирани едукативни предавања на темата „Последици од болести на зависности“. Целта на превентивно-едукативната активност беше информирање на младите за штетноста по здравјето од користењето наркотици, формите и манифестацијата на зависноста, агресивното и асоционалното однесување како последица од користење на наркотици, како и другите негативни влијанија кои ги има дрогата врз развојот на младата личност. Тие беа запознаени и со штетните последици од други болести на зависности како што се алкохолот, цигарите, а воедно им беше укажувано на внимателност при користење на социјалните мрежи, односно неприфакање на било какви постирани предизвици, кои може да им наштетат на младата категорија на граѓани.