13 февруари 2025

Превентивни активности на СВР Штип за побезбеден сообраќај

Денеска (13.02.) од страна на полициски службеници од ПС за БПС Штип во централното градско подрачје, поточно на улицата „Кирил и Методиј“ во Штип спроведена е едукативна кампања под мото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Од страна на полициските службеници на возачите им беше укажувано да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи во поглед на правилното паркирање, како еден од факторите за поголема општа сообраќајна безбедност на пешаците и другите учесници во сообраќајот. Беше поделен и едукативен материјал изработен со поддршка на РСБСП, со цел зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот.

Исто така денеска, и во Берово од страна на полициски службеници од ПО за БПС- Берово беше спроведена превентивна активност на истата тема од областа на сообраќајот околу правилното паркирање, а за време на превентивната активност на граѓаните им беа поделени летоци изработени со поддршка од Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.