13 февруари 2025

Едукативни работилници на СВР Скопје

Денеска (13.02.) Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од полициските станици од општа надлежност Ѓорче Петров и Бит Пазар, реализираа четири едукативни работилници.
Притоа, во Основното општинско училиште „7-ми Март“ (на подрачјето на ПСОН Бит Пазар) реализирани се две едукативни работилници и тоа на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство– булинг“, додека пак во Основните општински училишта „Димитар Беровски“ и „Мирче Ацев“ (ПСОН Ѓорче Петров) реализирани се две едукативни работилници на тема „Превенција од трговија со деца“ со ученици од клубовите за превенција.
Инаку, во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје – а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, вчера и завчера беа спроведени и четири едукативни работилници во рамки на заедничката кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Едукативните предавања беа реализирани во скопското основно општинско училиште „7-ми Март“, каде што децата од второ и четврто одделение, преку соодветна презентација беа запознаени со основните информации за сообраќајните правила и прописи за нивна безбедност во сообраќајот, кога тие се наоѓаат во улога на пешаци, или пак кога управуваат велосипед или тротинет.