Вчера (11.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа едукативно предавање на тема „Безбедност во сообраќајот“ со акцент на сообраќајните правила, со учениците од второ, трето, четврто и петто одделение во ПОУ „Маршал Тито“ во село Банско, струмичко.
Учениците беа запознаени со основните сообраќајни поими, со правилата и прописите, пред се со значението на сообраќајните знаци и како да се однесуваат како учесници во сообраќајот како пешаци и кога возат велосипед. Исто така, учениците беа запознаени и со задачата на полицискиот службеник, а дополнително им беше поделен наменски печатен едукативен материјал, изработен во соработка со РСБПС.