11 февруари 2025

„Стави појас, вози одговорно“, превентивна активност на СВР Велес

Денеска (11.02.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, на подрачјето на општина Велес, беше реализирана превентивна активност под  мотото „Стави појас, вози одговорно“, а со цел зголемување на безбедноста при патување со возила и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците. 

Притоа, во разговор со учесниците во сообраќајот, полициските службеници ги потсетуваа и на обврската за задолжително користење на појас во возилата, беше потенцирана и значајната заштитна улога која ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна незгода, а воедно им беше укажувано и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При превентивната активност на возачите покрај укажувањата, им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.