Вчера (10.02.) полициски службеници од ОВР Кичево, пред околу 50 ученици од деветто одделение во основното општинско училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево, одржаа едукативни работилници на тема „Булинг и сајбер булинг“.
Целта на работилниците беше, низ проактивен пристап, учениците да се информираат за поимите „булинг“ и „сајбер булинг“ како посебно социо-девијатно однесување, во и надвор од училишната средина.
Притоа учениците, низ призмата на полициското искуство и стручните сознанија за „булингот“ и „сајбер булингот“, имаа можност да се запознаат со облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави кај децата, за последиците што може да се појават во различни форми, како и за начините за благовремено превенирање на ова негативно поведение и спречување на штетните последици од истото.