Денеска (07.02.) на подрачјето на ОВР Берово од страна на полициски службеници од ПО за БПС Берово беше спроведена превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Целта на превентивната активност беше зголемување на сообраќајната култура и почитување на сообраќајните правила и прописи. Преку непосредна комуникација со возачите, им беше укажано за опасноста од користење на мобилен телефон за време на управување со моторно возило.
Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен од РСБСП, а се со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.