06 февруари 2025

„Вози одговорно -стави појас“, превентивна активност на ОВР Свети Николе

 

Полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Свети Николе и ПО за БПС Свети Николе денеска (06.02.) во Свети Николе спроведоа превентивна активност под мотото „Вози одговорно -стави појас“.
Притоа, полициските службеници, преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот, апелираа и укажуваа на обврската за носење на појас при патување, која важи подеднакво и за возачите и сопатниците, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на ова безбедносно правило.
Исто така, беше потенцирана и значајната заштитна улога која ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна незгода. Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал изработен со поддршка од РСБСП, а се со цел зголемување на свеста и одговорноста кај учесниците во сообраќајот.