Денеска (05.02.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, на подрачјето на општина Велес, беше реализирана превентивна активност под мотото „Стави појас, вози одговорно“, со цел зголемување на безбедноста при патување со возила и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.
Притоа, во разговор со учесниците во сообраќајот, полициските службеници ги потсетуваа и на обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, а воедно беше укажувано и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При превентивната активност на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.