04 февруари 2025

Едукативни работилници на СВР Битола

Денеска (04.02.) полициски службеници  при СВР Битола, во основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Канатларци, битолско, реализираа едукативни работилници на темата – „Превенција од насилство - меѓуврсничко насилство“. 

Основна цел на едукативните работилници беше информирање на учениците како да се детектираат, односно препознаат ваквите девијантни појави и да се подигне свеста и безбедносната култура во насока на благовремена превенција и заштита.
Исто така, вчера во околината на градскиот пазар и во централното подрачје на Битола, полициски службеници од СВР Битола реализираа превентивна активност во насока на поголема заштита на граѓаните од измами, кражби, разбојништва. За време на сите активности беше поделен едукативен материјал.