03 февруари 2025

Превентивни активности на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

Денеска (03.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција и Полицискaта станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Струмица на подрачје на Струмица спроведоа превентивна активност „Брзото возење убива“. Со делење на едукативни летоци полициските службеници ги потсетуваа возачите за нивната обврска да го почитуваат сообраќајните правила и прописи и брзината да ја прилагодат спрема условите и состојбата на патот, затоа што неприлагодената брзина е една од најчестите причини за случување на сообраќајни несреќи .

Исто така денеска, на подрачје на Валандово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Валандово реализираа превентивни активности на тема „Стави појас, вози одговорно“. Во разговор со возачите полициските службеници ги потсетуваа за нивната обврска за задолжително користење заштитен појас во возилата, а воедно им беше укажано и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, а се со цел подигање на свеста кај возачите за безбедно патување.