Денеска (02.02.2025) Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачјето на општина Центар спроведе превентивна активност во рамки на кампањата за превенција од имотни деликти „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. Основна цел на проектот е граѓаните да се заштитат од тешки кражби од патнички моторни возила, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Во директни средби и разговори со граѓаните им беше укажано кога ги паркираат нивните моторни возила да не оставаат вредни предмети како торби, лаптопи, ранци, паричници и сл., а секако и препораката да ги заклучуваат своите возила. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци.